Главна теза
BTC го изгуби мајското високо ниво и 50-неделната SMA, а металите сè уште се слаби. Во години на меѓуизбори корекцијата кај акциите во Q4 обично ја влече и крипто со себе. Редоследот е јасен: златото прво наоѓа дно, среброто го следи, дури потоа ризичните средства. Додека тоа не се случи, не очекувам вистински пресврт кај BTC. Целта ми е реализираната цена околу 54.000, нивото каде што историски завршуваа мечкините пазари.
Услови за потврда
Металите да престанат да паѓаат на лоши вести. Златото да направи дно, па среброто да го следи. Корекцијата кај акциите да покаже дека е при крај. Дури тогаш барам дно кај ризичните средства.
Entry зона
Прв дел: 61.000–62.000, кластер на ликвидации (делумно извршено). Главен дел: 53.000–55.000, зона на реализираната цена. Резерва: 47.700, ниво на 0.5 фибот и IV бран од 2024.
Invalidation
Неделно затворање над 75.000. Над тоа ниво тезата за понатамошен пад не важи и мора да ја преиспитам.
Потенцијални цели
61.000–62.000 (допрено) 59.700–61.200, дното на опсегот од летото 54.000, реализирана цена 47.715, 0.5 фиб
Ризици
Металите може да направат дно порано од очекуваното и да го скратат чекањето. Реализираната цена може никогаш да не се допре — не секој циклус оди до таму. Одбивање од дното на опсегот околу 60.000 би ме оставило со помала позиција отколку што сакам. Промена во политиката на ФЕД или брз пресврт во ликвидноста ја менува целата слика.